Веројатно досега сте го пробале ова јадење кое може да се подготви на многу начини, но кога ќе го пробате ќе почувствувате посебен вкус.
Состојки:
500 гр говедско месо
5 моркови
1 црвена пиперка
4 чешниња лук
1 домат
5 главици кромид
ловоров лист (3-4)
масло
Подготовка:
Пред да започнете со готвење, треба да ги подготвите состојките. Така, прво исечкајте го говедското месо на коцки и ситно исечкајте ги кромидот и морковот.
Прво треба да го загреете маслото. Кога маслото ќе се загрее, во тенџерето додадете ги кромидот и морковот и пропржете ги додека кромидот не стане стаклен.
Потоа додадете го месото исечкано на коцки, па додадете малку вода и продолжете да крчкате.
По неколку минути додадете го ловоровиот лист, а повремено додавајте и вода, за местото да биде помеко и повкусно. Не претерувајте со водата.
Кога месото ќе ви биде доволно меко, на сите состојки додадете ги доматите исечкани на коцки и цели пиперки кои ќе му дадат посебен вкус на лебот. Продолжете со готвењето и погрижете се вашата храна да не остане без вода.
Пред крајот на готвењето додадете сув зачин, бибер и мелена слатка пиперка. Промешајте уште малку и вашето јадење е готово.
Сепак, не правете ја вашата чорба премногу густа или премногу тенка.
Пријатно!