Потребни состојки:
170 г путер
300 г брашно
100 г шеќер
1 јајце
125 г мелен мак
1 лажица шеќер
50 мл млеко
Неколку капки рум
Шеќер во прав
Начин на подготовка:
Подгответе го филот со мак со тоа што ќе ги соедините сите состојки(мак, шеќер, рум) прелијте со топло млеко и измешајте.
Не додавајте повеќе млеко иако мислите дека треба, измешајте убаво бидејќи таа количина е доволна. Оставете го филот да се излади додека го подготвувате тестото.
Промешајте брашно и шеќер во сад, па додајте го путерот исечкан на коцки и јајце. Замесете меко тесто. Замотајте го во фолија и оставете го во фрижидер 30 до 60 минути.
Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете ја тавата со хартија за печење. Поделете го тестото на 25 топчиња. Расукајте го секое топче и во средина ставете од филот со мак.
Затворете и направете топчиња, ставете ги во тава премачкана со путер. Печете 10 минути.
Оставете ги да се изладат, па извалкајте ги во шеќер во прав.