„ЕЛИМИНИРАНИ СЕ“! Руските служби убија пет од напаѓачите на цркви и синагоги во Дагестан

Пет лица одговорни за повеќекратни вооружени напади насочени кон цркви и синагоги во рускиот регион Дагестан се „елиминирани“, а нивниот идентитет е утврден соопштија руските власти и прогласија тридневна жалост, пишува Гардијан.

Покрената беше кривична постапка откако вооружени напаѓачи убија 19 лица во координирани напади во два града во немирниот регион на Северен Кавказ.

Рускиот Истражен комитет соопшти дека 15 службеници за спроведување на законот и четворица цивили, вклучително и еден руски православен свештеник, биле убиени за време на нападите врз верски објекти во градовите Дербент и Махачкала во неделата навечер. Нападнати се две православни цркви, две синагоги и полициски контролен пункт.

Ројтерс објави дека вооружени лица со автоматско оружје упаднале во православна црква и синагога во античкиот град Дербент, запалиле икона во црквата и го убиле 66-годишниот православен свештеник Николај Котелников.

Руската православна црква соопшти дека Котелников бил „брутално убиен“ во нападот.

Рускиот претседател Владимир Путин им изрази „најдлабоко сочувство“ на оние кои ги загубија своите најблиски во Дагестан и Крим, соопшти во понеделникот Кремљ.

Исто така, Русија ги обвини САД за украинскиот напад на анектираниот Крим во кој, како што рече, загинаа четири лица, а 151 беа повредени.

Изјавата на Кремљ дојде неколку часа откако руските сојузници, Кина и Азербејџан, кои граничат со Дагестан, изразија сочувство.

Рускиот Истражен комитет не откри колку вкупно напаѓачи се одговорни за престрелките, но дека и други е познат идентитетот и на други инволвирани лица освен петте кои биле елиминирани.

https://x.com/PeteLiquid/status/1804927746021228927

Пронајдете не на следниве мрежи: