„Ел Класико“ во полуфиналето на шпанскиот Куп (ФОТО)

Денешната ждрепка за полуфиналето во шпанскиот Куп донесе ново „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона, па така за 35 дена овие екипи ќе се сретнат дури трипати.

Првата пресметка меѓу овие екипи е на 28 февруари на „Сантијаго Бернабеу“ во Купот, а реваншот се игра на „Камп Ноу“ на 4 април.

Во меѓувреме ќе се одигра уште еден меч меѓу ривалите на 19 март, па така дури трипати ќе се соочат овие гиганти.

Во второто полуфинале во Купот ќе играат Осасуна и Атлетик Билбао.

Пронајдете не на следниве мрежи: