Мустафа Сандал е турска музичка ѕвезда, но и заштитно лице на многу брендови. Како што пренесуваат медиумите од Истанбул, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ штотуку потпишал едногодишен договор вреден еден милион долари со компанијата „Портал Капи“.
Станува збор за компанија која произведува челични врати, најголемата фабрика од ваков тип во Турција, која се простира на дваесет илјади квадратни метри, а Мустафа моментално снима рекламна кампања за нив.
-Бидејќи работата е профитабилна, а милион долари е завидна цифра, тој одлучил дел од хонорарот да донира за настраданите од неодамнешниот земјотрес на југот од земјата, пишуваат порталите.
Популарниот пејач во бракот со Емина имаше два сина.
Сепак, поранешната двојка не е во добри односи. Пејачката го тужеше затоа што не плаќал алиментација, а тој возвратил со противтужба тврдејќи дека тоа не е точно. Се тужеа и за поделба на заеднички имот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.