Емпаер стејт билдинг, познатиот облакодер во Њујорк, осветлен е во боите на турското знаме во знак на солидарност со жртвите на земјотресот што во почетокот на февруари ги потресе јужните делови на Туркије.
Историската зграда е осветлена во црвено-бели бои во знак на сеќавање на оние кои ги загубија животите во катастрофалните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари, но и во знак на поддршка на преживеаните.
„Емпаер стејт билдинг свети во црвено-белите бои како поддршка на жртвите од трагичниот земјотрес што се случи на 6 февруари“, објави на Твитер Управата на зградата.
Земјотресите со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер со епицентар во турската област Кахраманмараш, на 6 февруари потресоа 11 турски области, Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг, со популација од околу 13,5 милиони.
Во катастрофалните земјотреси животот го загубија 45.968 лица.
Пронајдете не на следниве мрежи: