Емполи ја остави Сампдорија закована на претпоследно место

Емполи минимално ја победи Сампдорија со 1-0 во последниот меч од 18-то коло во Серија А, па бившиот италијански првак остана закован на претпоследното место сѐ уште без двоцифрен број на бодови во оваа сезона.

Тајрон Ебуехи десет минути во второто полувреме ѝ пресуди на Сампдорија после корнер за Емполи, па беше највисок во скокот за да погоди во мрежата, со што неговиот тим дојде до петта сезонска победа и 22 бода на контото, веќе 13 повеќе од опасната зона за испаѓање во која остана Сампдорија по 13-от пораз, петти во последните шест меча.

Омар Колеј во 98-та минута даде гол после една гужва, но пет минути траеше потоа ВАР-прегледувањето на моментот за да се утврди дека голот е нерегуларен и е поништен, па така Сампдорија остана без бод од пресметката.

Пронајдете не на следниве мрежи: