Тело на жена (42), со страшни повреди во пределот на главата, е пронајдено во понеделникот во куќа во село во близина на романскиот град Манзати, и маж (43), со кого жртвата наводно била во тајнa љубовна врска, е осомничен за убиство.
Локалните медиуми јавуваат дека брутално била убиена Кристина, мајка на 22-годишна девојка, која наводно по расправијата со сопругот Џорџ истрчала во прегратките на својот љубовник.
- Три хороскопски знаци на кои Божиќ им е омилен празникЗа некои луѓе Божиќ не е само уште еден датум на календарот,- прочитај повеќе
- Двајца осудени за 27 април побарале помилувањеДел од обвинетите за организирањето на упадот во Собрание кој се случи- прочитај повеќе
- Во падот на авионот во Казахстан преживеаја 32 луѓеНајмалку 32 лица го преживеаја падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс- прочитај повеќе
- „Росавијација“ ја објави причината за падот на патничкиот авионФедералната агенција за воздушен транспорт на Руската Федерација, „Росавијација“, издаде официјално соопштение- прочитај повеќе
- Крвав Божик во Германија! Мајка убила две деца на најсреќниот христијански празник, па се обидела да си го одземе животот! Се појавија деталите за хоророт!Страшна трагедија се случила на Божиќ кога мајка (39) од Германија со непознат алат- прочитај повеќе
Во неделата вечерта Кристина и нејзиниот сопруг се скарале, по што таа бесно му рекла дека оди во соседното село. Сепак, се верува дека таа застанала во близина, во куќата на маж со кој наводно била во тајна врска извесно време.
Се верува дека парот пиел во текот на вечерта и дека во еден момент дошло до расправија меѓу двајцата. Тогаш се сомнева дека мажот, чие име не се соопштува, грабнал секира и ја удрил Кристина неколку пати во главата. Следното утро тој, наводно, самиот дошол кај Џорџ и му кажал дека Кристина е мртва.
„Утрото кај мене дојде ќерката на Кристина која живее во близина и се тресеше. Ми кажа дека дошол човек и го повикал татко и’ до капијата. Кога дошол сопругот на Кристина, тој му рекол: Здраво Џорџ, дојди да ти кажам нешто. Кристина, твојата сопруга е мртва во мојот двор, во мојата куќа. Јас лично никогаш не сум слушнал дека се скарале и дека имало проблеми во бракот“, изјави за медиумите соседот на убиената.
Сите во селото имаат само пофални зборови за убиената Кристина.
“Таа беше многу вредна жена, тивка. Работеше многу, го издржуваше семејството, но знаеше да пие”, велат мештаните.
Осомничениот за нејзиното убиство е приведен, а полицијата соопшти дека на 12 февруари, околу 9 часот, ѝ се јавила ќерката на жртвата.
Телото со видливи повреди во пределот на главата е пренесено на обдукција, за да се утврди точната причина за смртта“, соопшти полицијата.
Како што наведоа, приведен е сопственикот на куќата во која е пронајдено телото на Криста.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.