Е, ај сега? Дедо (94) со летва истепал друг дедо (96), едниот во болнца – другиот во притвор!

Дедо (94) од околината на Лесковац е уапсен поради сомнение дека завчера по кратка расправија со дрвена летва повеќе пати го удрил соседот, кој исто така е дедо од 96 години, пишува ртс.рс.

На повредениот му била укажана лекарска помош во Општата болница во Лесковац, а потоа е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.

На осомничениот од надлежните на Основното јавно обвинителство Лесковац му е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава е изведен во обвинителството. Тој се бранел со молчење.

Пронајдете не на следниве мрежи: