Жена која не постои е на листата на најмоќни жени во светот! Ова е преседан

На годишната листа на најмоќни жени на магазинот Форбс, оваа година се најде и кукла – Барби.
При изборот на истакнати жени во сите полиња на активност, од политиката и претприемништвото до светот на забавата, магазинот Форбс се води според критериуми кои се сведуваат на пари, медиумско присуство и лично влијание. Објавена е нивната листа на најмоќни жени во 2023 година.
Но, овој пат меѓу лидерите кои со своите постапки го дефинираат светот, за прв пат има и кукла. Станува збор за Барби, култната играчка и хероината на истоимениот филм, кој беше многу популарна летово.

Неделковски: Стефковски наследи полна каса и готови проекти за да направи хаос
Дека општина Гази Баба ги живее своите најмрачни три и пол години веќе не е прашање на компарации со некој претходник, туку реалност и факт за кој говорат граѓаните, …
Неготинец пријавил дека неговиот 74-годишен татко обљубил малолетничка!
Во средата околу 15.20 часот, маж на возраст од 54 години од Неготино, во полициската станица пријавил дека неговиот татко извршил обљуба врз малолетничка. Според пријавата во ОВР Неготино, …

Таа е првиот измислен лик вклучен во престижната листа и го зазема 100-тото место, пишува Форбс.

Таа се појави на листата како симбол на зајакнувањето на жените и неконвенционален поттик за борбата на жените да ги вратат правата што им беа одземени.

Според истражувањето, куклата Барби би можела да ја зголеми глобалната продажба на 14 милијарди долари до 2027 година. Дополнително, филмот заработи 1,4 милијарди долари на светскиот бокс офис.

За филмот толку се зборуваше што беше проследено со цело модно движење, насочено кон интензивната розова боја. Куклата има повеќе од пет милиони следбеници на TikTok и Instagram и речиси 12 милиони претплатници на YouTube.

Исто така, треба да се додаде дека во 1959 година, кога Барби беше претставена во јавноста, жените не можеа да позајмуваат пари од банка или да отворат сметка без потпис на нивниот сопруг или татко. Рут Хендлер ја создаде Барби за да и покаже на ќерката дека може да избере кариера во животот ако сака.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.