Жена пријавила дека била нападната во автобус

Скопјанката М.П. (47) вчера околу 16 часот била физички нападната од едно лице во автобус на ЈСП „Скопје“, на територија на општина Карпош.

Како што се наведува во МВР-билтенот, жената го пријавила случајот во 16:30 часот во СВР Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.