недела, 15 ноември 2026
Најново

Нападите на ДУИ кон СДСМ се за прикривање на нивните договори со ДПМНЕ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нападите на ДУИ кон СДСМ се за прикривање на нивните договори со ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.

– СДСМ го поздравува бришењето на националистичкото видео со воени униформи на Али Ахмети со што директно призна дека таквата политика не е добра и воопшто не носи добро ниту на земјата ниту на граѓаните.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Но сепак со новите неосновани напади на ДУИ кон СДСМ во однос на Албанците покажува дека за жал партијата не се откажува од нивната единствена стратегија на постојано подгревање поделби и етнички тензии.

ДУИ треба конечно да се одважи и да ги напушти овие националистички политики и да разбере дека се несоодветни за нашето мултиетничко општество.

Последните напади на ДУИ кон СДСМ со измислени договори се со единствена цел да ги прикријат нивните тајни договори со ДПМНЕ и нивната соработката.

Само ќе ги потсетиме на гласањето закони во Собранието заедно со ДПМНЕ, обезбедувањето Бадентерово мнозинство, па се до последните скандали, како слободното пуштање на Артан Груби преку границата.

СДСМ секогаш ќе биде гласен против национализмот, поделбите и популизмот, без разлика од каде доаѓа. – велат од СДСМ.

Поврзани вести