Во текот на денот мислите ни доаѓаат и си одат со голема брзина, а бројните обврски не принудуваат да ги извршуваме секојдневните активности рефлексно и без многу размислување.
Токму во таква атмосфера некои ситници можат да предизвикаат големо олеснување и за момент да не развеселат.
Ви нудиме листа од неколку работи во кои веруваме дека ќе се препознае секоја дама…
- Кога ќе го симнеме градникот по напорниот работен ден.
- Кога ќе ја симнеме шминката од лицето.
- Кога ќе ја пуштиме косата која цел ден била стегната.
- Кога мислиме дека сме добиле менструација додека сме излезени, но на крајот ќе испадне дека е само лажна тревога.
- Кога ќе се намирисаме со новиот парфем.
- Кога мислиме дека сме изгубиле нешто, а потоа ќе го најдеме во ташната.
- Кога ќе сфатиме дека новите чевли ни се удобни на стапалата.
- Кога ќе се рзбудиме со донекаде добра фризура.
- Кога немаме шнола за коса, а потоа ќе ја најдеме на работната маса или во фиоката.
- Кога ставаме крема за раце.