Жерноски: Мицковски протестира за да си го спаси тронот
Протести надвор, за опстанок внатре
Партијата која претрпе уште еден во низата политички порази, која не понуди никаква политичка алтернатива и која денеска, како резултат на тоа, се соочува со најтешката криза во својата историја, започнува со организирање на протести, глумејќи загриженост во име на народот.
Се разбира, веднаш се наметнува прашањето дали организаторите не се истите оние, односно оној, кои ја поскапија струјата за цели 100% и ја укинаа евтината тарифа ?!?
Затоа, сомнежите за вистинските мотиви на протестите растат исто онолку брзо колку и падот на популарноста на партискиот лидер. Тој и таквиот сомнеж е најголем токму меѓу поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, на кои им е повеќе од јасно дека ќе бидат (зло)употребени единствено за зачувување и спас на претседателската фотелја на Мицкоски, а никако во битка за политичка алтернатива која претендира да понуди нов и автентичен политички проект, или барем наратив во државата.
Ова раководство на ВМРО- ДПМНЕ првин ќе треба да собере сила и храброст да им се извини на македонските граѓани за сите злодела и неправди направени во ерата на груевизмот, бидејќи граѓаните на последните фер и демократски избори му упатија јасна порака на Мицкоски, оставајќи го во опозиција, во голема мера и заради напластениот товар што го носи од својот претходник, а од кој никако не сака и не може да се откаже.
Мицкоски нема поддршка од граѓаните, а нема ниту од самото членството и затоа нема да успее.
Прочитајте и за судењето ТАЛИР:
Несмасни и крајно наивни се неговите обиди да ја урива само-што-формираната Влада на Заев, која уште не се ни сместила во кабинетите, а која патем е континуитет на успехот и одговорноста за остварувањето на најзначајниот интерес на државата и на граѓаните. Неговиот политички противник, од друга страна, ужива силна поддршка за евроатланските интеграции, недвосмислено признати од сите домашни и меѓународни партнери, односно сојузници.
Затоа сите ние, кои сме дел од позитивната страна на историјата и кои не’ интересира просперитетната иднина на нашите деца, ќе продолжиме по патот кој го избраа граѓаните, а тоа е да градиме правна држава, економски напредна, членка на НАТО и со отворена можност за членство во ЕУ.
Деструктивноста и неодговорното однесување ќе им го оставиме на Мицкоски и на остатоците од Груевски.
На оваа држава и’ се потребни сите граѓани, до еден. Немаме време и простор за поделби, бидејќи не’ чекаат реформи за остварување на генерациската борба за влез во европското семејство, па затоа опортуното и дефанзивно делување на старо новото ВМРО-ДПМНЕ е товарот на ова општество што треба да се отстрани за да успееме во нашите битки за стабилна и економски напредна македонска држава.