Живејте здраво, разбудете се порано!

Упорно се обидувате да станете од кревет порано, но ни родителите, ни ѕвонењето на мобилниот, ниту кој било аларм на светот не можат да ве разбудат. Еве каде грешите…

1. Легнете да спиете кога ќе почувствувате замор и будете се секој ден во исто време

Сигурно ви се случува да си легнете во кревет порано, надевајќи се дека ќе заспиете и ќе бидете доволно одморени за утрешните обврскиНо наместо тоа, останувате будни уште 2-3 часа, гледајќи некоја безначајна ТВ емисија или сурфајки на интернет. Ако пак се мачите да заспиете, најверојатно на крајот ќе бидете исфрустрирани зашто залудно сте потрошиле време во кревет, а не сте се одмориле.

Ако имате проблем со заспивањето, не грижете се, има решение и за тоа. И да останете будни до подоцните часови од ноќта, задолжително наместете го алармот порано од вообичаено. Утрото ќе се чувствувате поуморни, но вечерта ќе можете да заспиете малку порано. Затоа заспијте кога ќе почувствувате умор, а станувајте секое утро во исто време. На тој начин, ќе го регулирате ритамот на живот.

2. Сте слушнале ли за 90 минутното правило за спиење?

Сите сме слушнале дека спиењето по 8 часови дневно е идеално за одморање на човекот, но оваа теорија е спротивна на истражувањето кое вели дека луѓето се најдобро одморени, кога спијат во повеќекратни интервали од по 90 минути. Затоа, обидете се наместо по 8 часа, да спиете 5 интервали по 90 минути, што би биле 7, 5 часа. И да спиете точно 6 часа, би се чувствувале поодморено, отколку ако го нарушите 90 минутното правило.

3. Намалувајте ги часовите поминати во спиење, постепено.

Најверојатно мислите дека колку повеќе спиете, толку поодморени ќе бидете наредниот ден, но вистината е дека човекот може добро да функционира и со помалку од 8 часа сон, доколку создаде таква навика. Тоа не значи дека треба да се навикнете да го преживувате денот со помалку „гориво“, туку да се истренирате да спиете поквалитетно во определените часови. За да го направите овој процес безболен, намалувајте на неделно ниво по 20-30 минути од вашето спиење. На пример, наместо по 8 спијте во 7,5 часа во текот на една недела. Наредната недела спијте по 7 часа итн., додека не го постигнете посакуваниот ефект.

4. Смислете си добра причина за станување.

Ако немате некоја особена причина за станување порано, најверојатно нема да се разбудите до пладне. Затоа, решете дека утрото ќе одите на џогинг, ќе учите за испит, ќе работите на некој проект или ќе го исчистите домот. Верувајте, што и да изработите наутро, ќе биде покорисно отколку да го преспиете денот.

ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНА 2

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.