„Мојата визија за ДПМ подразбира не само активација на што повеќе членови на ДПМ во работата на Друштвото и истакнување на нивните креативни потенцијали; не подразбира само штитење на правата на писателите, туку ги сфаќа писателите како иницијатори и кокреатори на тековната програма на случувања во Друштвото. Понатаму, мојата визија за ДПМ подразбира активности под логото на ДПМ низ целата земја, а не исклучиво во домот на ДПМ во Скопје. Од друга страна, мојата визија за ДПМ се залага за поголема вклученост на писателите во општествениот живот, преку остварување соработки со образовни и други видови институции. Мојата визија за ДПМ значи кревање на рејтингот на Друштвото преку искажување поддршка на институции и на индивидуи што им припаѓаат на ранливите категории граѓани. Најпосле, мојата визија за ДПМ значи организација на настани со цел поврзување на ДПМ со книжевници од странство, сè во насока на продлабочување и збогатување на културната размена“ – истакна за Трн Живко Грозданоски, новиот претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.
За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.
Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото.
Откако беа објавени резултатите, Живко на својот фејсбук профил истакна: „Пред сè, сакам да му се заблагодарам на членството на ДПМ за тоа што денес дефинитивно покажа и дека сакаме да имаме Друштво, и какво Друштво сакаме да имаме. И тоа да биде на сеопшта радост и оддишка. Сакам да им се заблагодарам и на сите оние што вака или онака (макар и со смешка) покажаа поддршка на ова долго патешествие што – колку неверојатно – завршува на ваков начин. (Секако, може да се рече „завршува“ само ако за миг се занемари тоа дека сè допрва треба да почне). Не можам да поверувам. Каква е оваа „грешка во системот“? Па нели сите институции се распаѓаат, нели сè оди во неповрат? Писателите денеска испратија силна порака до заедницата, и јас не можам да не верувам дека оваа приказна ќе биде инспирација и за други заедници, но пред сè за други индивидуи. Коренити промени се можни!
Сега останува да се работи. Јас сум подготвен да ги преземам сите чекори што се потребни за Друштвото да се консолидира, и да биде дом не само на писателите, туку и за читателите и јавноста воопшто, расадник на култура. Верувам дека заедно со членовите на Управниот одбор, кои се прекрасни личности, пред сè професионалци, а потоа и пријатели, ќе имаме убава соработка. „Најважно е да не се возгордее човек“, постојано си повторувам во себе.
Сега одам да одговорам на сите пораки и коментари со честитки, а од утре треба да се договара конститутивната седница. Тука, на крај, уште еднаш ми доаѓа в мисли насловот на онаа книга од Силвија Федеричи: “Reenchanting the commons”, или „Враќање на магијата на заедничкото“. Колку ми е драго денеска, и ќе ме држи ова, чувствувам, уште долго, долго време: каква приказна! Заедничкото, кое речиси не згина – триумфира!„
!function(f,b,e,v,n,t,s)
{if(f.fbq)return;n=f.fbq=function(){n.callMethod?
n.callMethod.apply(n,arguments):n.queue.push(arguments)};
if(!f._fbq)f._fbq=n;n.push=n;n.loaded=!0;n.version=’2.0′;
n.queue=[];t=b.createElement(e);t.async=!0;
t.src=v;s=b.getElementsByTagName(e)[0];
s.parentNode.insertBefore(t,s)}(window, document,’script’,
‘https://connect.facebook.net/en_US/fbevents.js’);
fbq(‘init’, ‘951761645704403’);
fbq(‘track’, ‘PageView’);
The post Живко Грозданоски е новиот претседател на Друштво на писателите на Македонија appeared first on 365.com.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи: