Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола го уапсиле С.Р.(47) од Битола. Тој бил жив фатен при извршување „тешка кражба“ во помошна просторија од куќа на ул.„Илинденска“, сопственост на С.Т.(27) од Битола.
Полицијата веднаш го привела во полициска станица каде во службен разговор признал уште четири кражби кој ги направил на подрачјето на Битола. Лицето влегло во куќи, станови и во параклис каде одземал работи на кои на него му се допаѓале.
Одземеното ќе биде вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.