Жирона ја продолжи мизеријата на Валенсија

Валенсија го запиша четвртиот пораз во последните пет натпревари во Ла Лига, откако вечерва загуби на гостувањето кај Жирона со 0-1.

Жирона го контролираше натпреварот и уште во првото полувреме имаше неколку шанси за да го отвори резултатот, но Валенсија се одбрани од нападите на домаќинот.

Гарсија во 64. минута го постигна единствениот гол за Жирона и тој беше доволен за нови три бода и скок до 11. место во првенството, додека Валенсијаостана на 16. позиција.

Пронајдете не на следниве мрежи: