Безживотното тело по кое нејзиното семејство трагаше пет дена, откако беше пријавена за исчезната, е пронајдено во реката Вардар во село Горно Лисиче, со што потрагата по скопјанката Даниела Пецевска заврши трагично. Нејзиното тело вчера околу 13 часот е извлечено од водите на реката Вардар во Горно Лисиче.
– Од водите на Вардар кај железничкиот мост во село Горно Лисиче, извлечено e женско тело од екипа од БППЗ – информираат од МВР.
Даниела зад себе остави три деца.