Западот продолжува да се меша во односите меѓу Русија и нејзините соседи, се обидува да ја преземе контролата врз Молдавија






Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Западот се обидува да ја преземе контролата врз Молдавија, како што направи со Украина.

– Од самиот почеток на постсоветската ера, Западот почна да се меша во односите меѓу Русија и нејзините соседи. Западот продолжува да ја следи истата политика. Тоа е видливо и во Централна Азија во кавкаските земји, тоа исто така е видливо и во европскиот дел на поранешниот Советски Сојуз – Украина и Молдавија, кои отворено ги подготвуваат да станат наследник на Украина од гледна точка на преземање на целото нејзино раководство, изјави Лавров.

Конгресот на непризнатата Придњестровска Молдавска Република минатата недела усвои резолуција со која побара помош од Русија поради „невидени економски, социјални, хуманитарни и воено-политички предизвици и закани“.

Односите меѓу Москва и Кишињев се влошија откако прозападната политичарка Маја Санду стана претседател на Молдавија на крајот на 2020 година. Таа минатата година ја претстави Стратегијата за национална безбедност, која, меѓу другото, го прогласува партнерството со САД како клучен аспект на националната безбедност. Додека за Кремљ стратегијата е најголема закана.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: