Запечени тортиљи со пилешко и кашкавал

Мексиканската кујна е популарна низ целиот свет, а ја сакаат и Македонците. За денешниот ручек ви препорачуваме да подготвите запечени тортиљи полнети со пилешко и кашкавал.
Потребни состојки:
8 тортиљи
600 г пилешко месо
2 лажици маслиново масло
2 црвени пиперки со средна големиња
1 кромид
300 г пченка
Сол, бибер и чили
200 г гауда
Сос
2 лажици маслиново масло
2 лажици брашно
100 мл пасирани домати
1 мала лажица чили
2 мали лажици буковец(благ)
1 мала лажица лук во прав
Половина лажичка оригано
Сол
Начин на подготовка:
Најпрвин подгответе го сосот. Загрејте масло, додајте брашно и мешајте 2 минути па додајте чили, буковец и оригано. Додајте малку путер за да нема грутки во сосот. Додајте ги доматите, посолете и оставете да се вари 10 минути. Посолете и додајте зачини по желба.
Измијте ги и исечкајте ги пиперките. Измијте го пилешкото месо и исечкајте го на коцки. Пржете ги пиперките неколку минути, па по неколку минути додајте го пилешкото. Посолете, додајте малку чили по желба и пченка. Варете 10 минути.
На секоја тортиља ставете од смесата, нарендајте сирење и замотајте. Ставете ги тортиљите во тава, прелијте со сосот и печете 20 минути на температура од 180 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.