Направете вкусен запечен ручек со неодолива арома од рерна.
СОСТОЈКИ:
1,5 кг млад компир
3 лажици маслиново масло
1 лажиче вегета
150 гр сланина
125 гр сирење
150 гр кашкавал
100 гр зденки
100 мл млеко
бибер и сол
ПОДГОТОВКА:
Се лупи и мие младиот компир и се сече на кришки, па се става во плех со вегета и маслиново масло и се става на загреана рерна на 200 степени да се пече.
Се сече сланината на траки, се пржи кратко на масло, па се додаваат млеко и зденки, како и сирење. Се добива кемав сос со мешање.
Се додаваат сол, бибер и вегета.
Се прелива компирот и се запекува уште 15 минути.