Започна продажбата на електрична лажица која го прави вкусот на храната посолен


Започна продажбата на електрична лажица која го прави вкусот на храната посолен


Јапонскиот производител на пијалаци „Kirin Holdings“ лансираше наелектризирана лажица за која научниците велат дека промовира поздрава исхрана преку подобрување на солените вкусови без додавање сол. Лансирањето на производот во понеделникот е првата комерцијализација на технологијата којашто ја доби минатогодишната Иг Нобелова награда за неовооичаена наука.

Од „Kirin Holdings“ најавија дека ќе продаде само 200 електрични лажици онлајн за цена од околу 117 евра и ограниченоколичество во една јапонска продавница во јуни, но на крајот се надеваат дека ќе продадат милион примероци ширум светот за пет години. Продажбата во странство ќе започне следната година.

Лажицата изработена од пластика и од метал е развиена во соработка со професорот од Универзитетот Меиџи, Хомеи Мијашита, кој претходно покажа како електричните стапчиња за јадење ги подобруваат вкусовите, во овој случај впечатокот на соленост.

Компанијата „Kirin Holdings“, којашто се обидува од продажбата на пијалаци да влезе и во боласта на здравството, тврди дека оваа технологија е особено важна за Јапонија, бидејќи во земјата возрасен човек просечно троши 10 грама сол дневно, што е двојно повеќе од препораката на Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Прекумерното консумирање сол е поврзано со висок крвен притисок, мозочни удари и други болести.

„Јапонија има кујна која ги фаворизира солените вкусови. Јапонците како целина треба да го намалат внесот на сол, но може да биде тешко да ги напуштиме нашите навики во исхраната. Тоа не доведе да ја развиеме оваа електрична лажица“, “, вели истражувачката на „Kirin Holdings“, Аи Сато.рече таа.

Лажичката тежи околу 60 грама и работи на литиумска батерија којашто се полни. Се продава по цена од околу 117 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: