Засладете им го денот на своите блиски со овој неверојатен десерт: Торта „Снегулка“

Тортата „Снегулка“ е едноставна за приготвување, лесна, пенеста и мека. Поради својот извонреден вкус може да ја подготвите за секаква пригода.
Засладете им го денот на своите блиски со овој неверојатен десерт: Торта „Снегулка“
Потребни состојки за кора:
5 белки
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
Потребни состојки за филот:
500 мл млеко
5 жолчки
100 г шеќер


1 лажица ванилин шеќер
50 г чоколадо за готвење
200 г бисквити
300 мл слатка павлака
1 кесичка инстант желатин
Потребни состојки за декорирање на торта:
200 мл слатка павлака или шлаг
Начин на подготовка:
Изматете ги белките со шеќерот, додајте го брашното и прашокот за печиво. Истурете ја смесата во тава обложена со хартија за печење и печете на 200 ᵒC околу 30 минути.
Загрејте 100 мл млеко заедно со ванилиниот шеќер. Испечената кора избоцкајте ја со чепкалка за заби и прелијте ја со зовриеното млеко. Оставете да се излади.
Загрејте 400 мл млеко. Разматете ги жолчките со шеќерот, а потоа истурете ја смесата во топлото млеко. Вратете го тенџерето на рингла и варете ја смесата постојано мешајќи. Штом почне да врие тргнете го тенџерето од оган. Измешајте го желатинот во топлата смеса.
Посебно, изматете 300 мл слатка павлака и спојте ја со млакиот крем. Оставете ја смесата да се излади.
Нарендајте го чоколадото и бисквитите и додајте ги во филот, кој е целосно изладен, потоа добро промешајте ја смесата.
Ставете ја кората во тава со обрач и одозгора нанесете го кремот. Ставете ја тортата во фрижидер за добро да се излади. Потоа изматете слатка павлака или шлаг и премачкајте ја целата торта.
Декорирајте по желба и послужете!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.