Вистинско време е за вкусни и посни кифли – ова е најдобриот рецепт

Вистинско време е да споделиме рецепт за посни кроасани, кога трае постот.

Лесни се за правење, а многу се вкусни.
Што ви е потребно?

околу 1 килограм брашно
пола литар топла вода (пола минерална, пола обична)
една чаша од 2 децилитри масло
2-3 лажичиња шеќер
1 лажица сол
1 коцка квасец (40 гр)
1 посен маргарин (коцка)

Подготовка:
Во пола чаша топла вода и 1 лажичка шеќер се става квасецот и 3-4 лажичиња брашно да надојде. Се промешува и пак се остава да надојде.
Се замесува средно меко тесто од брашното,маслото, водата, останатите состојки и надојдениот квасец. Се остава на топло да одмара и при тоа неколку пати се премесува. Се дели на 4 дела. Секој дел се дели на по 8 топчиња, се сукаат кифли и се премачкуваат седум со маргарин, осмото се става одозгора, се притиска малку и се става настрана.
Постапката се повторува со останатите топчиња. Се развлекува кора од осумте катмерчиња и се дели на 16 дела.
Се виткаат кифлички, се редат во тава за печење премачкан со малку маргарин. Се оставаат да надојдат убаво покриени со платнена салфета, но не на многу топло, за да не се стопи маргаринот. Бидејќи се посни не се премачкуваат со ништо, се ставаат во загреана рерна (250 степени), а по некое време се намалува температурата и убаво се печат.
Од оваа количина излегуваат две тави кифлички, кои по желба можат и да се смрзнат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.