Захарова за Косово: Се заканува вистински конфликт од големи размери

Новите тензии што избувнаа во покраината убедливо покажува дека отстапувањето од сегашната регулаторна рамка за Косово само ги провоцира приштинските екстремисти, посочи таа.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги коментираше последните настани на Косово.

– ,,Новото заострување што изби во покраината убедливо покажува дека отстапувањето од сегашната регулаторна рамка за Косово само ги провоцира приштинските екстремисти. Ситуацијата не е далеку од вистински конфликт од големи размери” – рече Захарова одговарајќи на прашањето на медиумите за Косово.

Да потсетиме, синоќа се појави вест дека рафали се слушнале на северот на Косово, а денеска војската на Србија стационираше неколку топови и далечни хаубици во близина на административниот премин Јариње, односно границата со Косово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.