недела, 15 ноември 2026
Најново

Интерпелацијата за Илире Даути не налага разрешување на пратеничката, објасни Гаши

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Интерпелацијата за Илире Даути не налага разрешување на пратеничката од нејзината функција, појаснуваат од кабиндетот на претседателот на Собранието.

– Собранието на Република Северна Македонија денеска одржа пленарна седница на која се разгледуваше интерпелацијата за работата на пратеничката Илире Даути, претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Седницата се одржа во потполна согласност со Уставот на Република Северна Македонија, Деловникот на Собранието и постоечките закони.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.

Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот.

Собранието на Република Северна Македонија останува цврсто на заложбата за зачувување на институционалниот интегритет, почитување на законите, Деловникот, Уставот и обезбедување на транспарентност во сите собраниски процедури. – стои во појаснувањето.

Поврзани вести