СВР Тетово информира дека во рамките на континуираните активности што ги презема за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (21 март) од 9 до 14 часот била спроведена акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот.
„При контролата биле откриени и санкционирани 35 пешаци ( Тетово-28 и Гостивар-7). Најголемиот број од пешаците ги преминувале улиците надвор од обележани премини, а останатите не ја почитувале светлосната сообраќајна сигнализација. На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра, како и покани за присуство на таканаречени сообраќајни поуки.“, вели портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
Во акцијата, исто така, санкционирани биле и 4 други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово со апел до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат по улици на кои нема обликувани тротоари, а возачите секогаш и секаде да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците, со што и едните и другите ќе придонесат за нивната и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ