Урош Паниќ, синот на Петар Паниќ, поранешниот телохранител на претседателот на „Српската радикална партија“ Воислав Шешељ, и кум на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, често објавува видеа на својот профил на социјалната мрежа ТикТок од неговиот „бурен“ живот. Самата социјална мрежа овој млад лик го третира како потенцијално опасен.

Како што пишуваат соседните медиуми, Урош Паниќ објавил повеќе од 40 видеа за кои социјалната мрежа ТикТок вели дека покажуваат активност што може да резултира со повреда. Покрај тоа, тој објави видео на кое со полициска палка „СТОП“ ги попречува другите учесници во сообраќајот и видео на кое се гледа како заобиколува голема колона автомобили, спротивно на сообраќајните правила и добрите обичаи. Српските медиуми пишуваат дека тој на видеата дава вулгарни коментари за работата на полицијата.
@urospanic___ #fyp #foryou ♬ original sound – Urospanic98