За побрзо слабеење: 7 намирници што треба да ги јадете

Со чувството на глад и неодолива желба за храна се соочуваат сите оние кои сакаат да ослабат, и тоа е главниот предизвикувач поради кој многумина, порано или подоцна, се откажуваат од диетата. Затоа е добро да знаете која храна е ваш сојузник во борбата против вишокот килограми и со која долго време ќе бидете сити.

Леќа – содржи сè што е потребно за човечкото тело да биде здраво. Бидејќи е богата со растителни влакна, леќата влегува и во групата на храна што може успешно да ве засити подолг временски период, што е многу корисно за секој што сака да се ослободи од вишокот килограми.

Јаболка и круши – тие се исклучително здрави и пожелно е да се јаде барем едно од овие две овошја дневно.


Лути пиперки – помагаат за намалување на апетитот.

Јајца – поради протеините со кои се богати, тие ќе ве држат сити долго време и се идеален избор за појадок. Бидејќи се многу хранливи, јајцата се нарекуваат суперхрана.

Овес – богат е со многу минерали, витамини, протеини и квалитетни масти.

Супа – бидејќи содржи многу вода, идеално е да јадете чинија супа пред ручек. Содржи многу малку калории, а после тоа ќе јадете околу 20% помалку од главното јадење бидејќи ќе ве засити

Бадеми – богати се со витамин Е, калциум, фосфор, железо и магнезиум. Тие се исто така богати со цинк, селен, бакар. Бадемите се едни од најхранливите јаткасти плодови, а бидејќи се доста калорични, мала количина е доволна за да ве држи сити подолго време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.