Имате омилен рецепт со јајца? Сега имате пет нови идеи од кои може да го бирате омилениот.
Јајцата се одличен избор на храна за здрав почеток на денот. Многу е здраво да јадете јајца во вашиот прв оброк во денот, па нека бидат ваш избор за појадок или бранч.
Јајцата се богат извор на протеини, во чиј состав влегуваат 9 есенцијални аминокиселини. Исто така, треба да знаете дека белката на јајцето не содржи холестерол, а жолчката од јајцето е извор на витамин А, Д и Е.
Иако е точно дека едно јајце во просек содржи 1,5 грама заситени масти, истражувањата покажаа дека умерено консумирање на јајца не го зголемува ризикот од срцеви заболувања, туку нè штити од нив.
Со консумирање на јајца, на едноставен начин го зголемувате внесот на биотин, кој игра важна улога во создавањето на кератинот.
Јајцата освен витамин Б12 содржат и протеини, цинк и железо, а тоа се хранливи материи за здрава коса. Овие хранливи состојки помагаат на структурата на косата, разградувањето на јаглехидратите и мастите и распоредување на кислородот до телото.
Светски познатиот готвач Џејми Оливер ви нуди пет нови возбудливи рецепти со јајца за појадок или бранч со кои оваа основна, достапна и евтина храна ќе стане интересен и омилен дел од вашето секојдневно мени.