Едно истражување покажало дека 50% од жените имаат грчеви за време на месечниот циклус, од кои 10% доживуваат толку силни болки што поради нив тие не можат да ги извршуваат дневните активности.
Иако таблетите го решаваат овој проблем за половина час, природните лекови не се толку брзи, но можат да бидат подеднакво делотворни и поздрави – без било какви последици на желудникот и на целиот организам.
Еден од најстарите рецепти против менструалните болки, но и други непријатни проблеми како артритис, лоша циркулација и др. е оној со рицинусово масло.
Рицинусовото масло како лек против болки и воспаленија се користело уште во древен Египет и Грција. Во комбинација со топлина, тоа се активира и кожата го впива, како резултат на тоа, нервите и мускулите максимално се релаксираат и се намалуваат грчевите и болките.
Потребни состојки:
Рицинусово масло
Термофор
Памучна крпа
Начин на користење:
Намачкајте го долниот дел од грбот (подрачјето на стомакот и јајниците) со маслото во дебел слој. Потоа легнете на стомакот така што мрсниот дел на грбот ќе го покриете со памучната крпа. На неа, ставете го топлиот термофор и оставете да делува 15-20 минути.
Тргнете го термофорот од грбот и по потреба оставете ја крпата на вас за кожата да го впие целото масло. Оваа облога ќе ги ублажи симптомите, како што се грчевите и болките во стомакот.
Совети-плус:
1. Облогата исклучиво ставајте ја на грбот затоа што топлината на термофорот може да биде премногу агресивна за јајниците.
2. Маслото може да го намачкате и на стомак, но во тој случај, стомакот загрејте го само со крпа без термофор, и оставете да делува 20-45 минути.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.