За сите кои постат, а сакаат благо: Одличен и лесен рецепт за штрудла без зејтин- ќе уживате во секој залак

Едноставно се подготвува, а е идеален десерт за деновите на пост. Ќе уживате во секој залак на овој вкусен десерт.

СОСТОЈКИ:
1 кг брашно
1 квасец
Џем или фил кој го сакате
1 ванилин шеќер
1 лажичка сол
Мала лажичка прашок за печиво
1 лимон
Вода
Шеќер во прав
НАЧИН НА ПДОГОТОВКА:
Во шолја за чај раматете квасец со млака вода и оставете го половина час да отстои. Во чинија ставете брашно, сол, прашок за печиво, ванилин шеќер, па изрендајте кора од лимон, исцедете го сокот од лимон и прелијте со разматен квасец. Додајте вода по потреба, замесете тесто да не биде меко, така што нема да се лепи за раце. Оставете го тестото околу 1 час да нарасне. Поделете го тестото на 3 или 4 дела, развлечете го секој дел со сукало и филувајте го со џем.
Свиткајте го тестото во штрудла и ставете во плех обложен со хартија за печење. Пред ставање во рерна штрудлите пропрскајте ги со млака вода и печете во загреана рерна 20-25 минути.
Испечената штрудла пропрскајте ја со вода, прекријте со чиста крпа 10 минути да отстои, исечете на парчиња, редете на тацна и по желба посипете со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.