Потребни состојки:
Тортиљи
2 домати
1 пиперка
Кечап, мајонез
3 лажици кисела павлака
300 г пилешки стек
Начин на подготовка:
Промешајте го месото со павлака. Исечете ги доматите на кришки, а пиперката на ленти. На тортиљите намачкајте павлака, ставете месо и парче домат, па ленти пиперка, кечап и мајонез. Преклопете и по желба додајте салата по избор.