Во првата половина од годинава македонската градежна оператива работела во Германија, Црна гора, Албанија, Бугарија, Чешка, Данска, Босна и Херцеговина и во Србија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Притоа извршила градежни работи во вкупна вредност од 100,19 милиони денари, што е за 16,2% во споредба со истиот период од претходната година.
Вредноста на договорената работа, пак изнесувала 199,73 милиони денари што е за 4,4% повеќе во однос на истиот период лани.