Чорбите се едни од најздравите оброци за нашето тело затоа што содржат дополнителни течности и дневна доза на растителни влакна, витамини, минерали и здрави масти. Во продолжение погледнете како да ја подготвите оваа пролетна чорба со пилешко месо.
Здрава пролетна чорба, одлична за вашиот имунитет
Потребни состојки:
1 килограм бело пилешко месо
600 милилитри пилешка супа
1 конзерва црвен грав од 400 грама
300 грама пченка (може и замрзната)
200 грама свежи пиперки
2 главици црвен кромид
1 чешне лук
2 лажици мед
2 лажички сол
половина лажичка суви мелени пиперки
половина лажичка мелен црн пипер
1 лажичка суви мешани зачини
Начин на подготовка:
Исечете ги пилешкото месо на парчиња со големина на еден залак. Исечете ги свежите пиперки, лукот и црвениот кромид на мали коцки и извадете го гравчето од конзервата и оставете го да се исцеди. Ставете ги сите состојки што ги исечкавте во тенџере и ставете ги на тивок оган, претходно истурете ја супата и сите останати состојки и промешајте додека не се соединат. Потоа поклопете го тенџерето и оставете ја чорбата да се вари неколку часа. На тивок оган, намирниците ќе се зготват добро и ќе го зачуваат својот квалитет. Ќе добиете здрава пролетна чорба, одлична за зајакнување на вашиот имунитет и за намалување на вишокот килограми по обилните зимски оброци.
Чорбата послужете ја со исечкан магдонос или со павлака, по желба. Можете да додадете аспарагус, печурки или лиснат зеленчук.