Здрави и посни палачинки од само 3 состојки

Потребни состојки:
Палачинки со јаболка
200 г рендани јаболка
70 мл вода или растително млеко(може и млеко доколку не постите)
70 г овесно брашно
Палачинки со банана
1 голема банана
100 мл растително млеко или вода
80 г овесно брашно
Начин на подготовка:
Изгмечете ја бананата, додадете млеко/вода и додавајте од овесното брашно за едната варијанта.
За другата, изрендајте 2 средни јаболка и не им го цедете сокот. Додадете го овесното брашно и по потреба уште малку вода. Зависи од тоа колку се сочни и големи јаболката.
Смесата е малку погуста од обичните американски палачинки. Ставајте од смесата во загреана тава на средна/ниска температура и печете ги по неколку минути на двете страни.
Најубавиот дел се додатоците, па изберете си ги вашите омилени. Може да ставите мед, јаткасти плодови, грчки јогурт или свежо/замрзнато овошје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.