Здрави навики: Како да го внесете просото во вашата исхрана?

Просото е една од најстарите, но и најздравите житарки. Се одгледува уште од пред 7.000 години, а потеклото му е од Азија и Африка.

Како што вели д-р Александар Митов, кога ќе се спомене просото, поголемиот дел од луѓето помислуваат на храна за птици, односно за папагали, но оваа безглутенска житарка се користи за подготовка на различни јадења, а се служи како прилог, салата, или како додаток на оброците, во супи и варива.

Освен што нема глутен, просото е и алкална (базна) житарка поради што организмот може лесно да ја свари, а според некои научници, просото е и антиканцерогено бидејќи алкалната храна не предизвикува киселост во организмот, што е средина во која се развиваат клетките на карциномите. Поради ова, се препорачува на лицата кои имаат проблеми со цревата бидејќи помага во регенерација на цревната флора, добро е за проблеми со слезината, анемија, артритис и при проблеми со нервниот систем. Се јаде без лушпата, бидејќи таа тешко се вари.
Од просото можете да направите вкусна каша за појадок, со додаток на кисело млеко, можете да го додавате во супи наместо тестенина, да го подготвите во вок тава или во тава со зеленчук.

За подготовка на просото доволни се само 10 минути, треба само да сварите неколку минути во зовриена вода, а потоа да го оставите да постои уште 5 минути во водата во која се варело за да може зрното да набабри.
Во 174 грама просо се содржат: 207 калории, 41 грама јаглехидрати, 2,2g растителни влакна, 6 грама протеини, а исто така просото обезбедува најмногу есенцијални аминокиселини од било која друга житарка.

Д-р Митов на својот сајт советува дека одредени студии покажуваат резултати според кои просото и останатата храна богата со нерастворливи и растворливи растителни влакна, можат да им помогат на жените да ги избегнат непријатните симптоми, однсно појавувањето на жолчните камчиња.
Ние ви предлагаме неколку начини како да почнете да го внесувате просото во вашата исхрана, а вие потрудете се да го имате на менито барем еднаш неделно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.