Здрав појадок: Овесна каша со јаболка и ореви

Потребни состојки:
-1 шолја овесни снегулки
-1 шолја млеко
-2 помали јаболка
-1 лажичка цимет
-2 лажици мед
-прстофат морска сол
-сецкани ореви


Начин на подготовка:
Овесните снегулки сварете ги заедно со млекото, додека смесата не зоврие. Потоа намалете ја температурата, додадете сол и варете пет до десет минути.
Треба да добиете кашеста смеса. Во неа додадете ги циметот и медот и ренданите јаболка. На крајот посипете со сецкани ореви, а по желба може да прелиете со малку мед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.