Зеленски: Сакаме да го завршиме конффликтот со Русија во 2025 година

Украина сака да добие безбедносни гаранции од САД и да го прекине конфликтот со Русија во 2025 година, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Нашата цел е да добиеме безбедносни гаранции и да ставиме крај на војната оваа година. Ќе направиме се за да биде така“, изјави Зеленски во интервју за италијанската телевизија „Реинњус 24“.

Според него, мирот е од големо значење за Украина.
„За нас е многу важно да дојде мирот, но пред да се договориме за било што, мораме да дефинираме сериозни безбедносни гаранции за Украина и Европа“, објасни тој.
Во исто време, тој изрази желба да истакне дека САД треба „да извршат притисок врз Русија и да обезбедат безбедносни гаранции за Украина и Европа“.
Да потсетиме, неодамна министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека прекинот на огнот во Украина ќе биде пат до никаде и дека на Москва ѝ треба сигурен договор.
Тој исто така рече дека „има доволно празни приказни“ и дека на Русија и се потребни конечни правни договори кои ќе ги содржат сите услови за обезбедување на безбедноста на Русија и легитимните безбедносни интереси на нејзините соседи, кои ќе гарантираат неможност тие договори да бидат прекршени преку меѓународното право.

Пронајдете не на следниве мрежи: