Честопати читаме и слушаме за тоа дека зеленчукот најдобро се консумира свеж, бидејќи е богат со витамини и минерали.
Но, постои и зеленчук чии антиоксиданти подобро се апсорбираат ако претходно се свари.
Да се извлече максимумот од хранливите материи од морковите, белите компири, цвеклото, карфиолот и аспарагусот, најдобро е термички да ги обработите. На тој начин, подобро се апсорбира бета-каротенот од морковите, компирите, тиквичките и тиквата.
Секако, подобро е да јадете и таков зеленчук отколку воопшто да не го консумирате. Но, гответе го внимателно (доволно да омекне), но не премногу долго (за да не биде каша).
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.