Земањето аспирин секој ден може да го зголеми ризикот од сериозни здравствени проблеми

Ниската дневна доза на аспирин може да помогне да се спречат срцеви и мозочни удари кај луѓе кои се изложени на поголем ризик од нив.
Сепак, новото истражување покажа дека редовното земање аспирин може да го зголеми ризикот од развој на анемија, особено кај луѓето над 65 години.

Земањето апчиња исклучиво од превентивни причини, доколку не сте доживеале срцев удар, може да направи повеќе штета отколку корист, покажува студијата објавена во Annals of Internal Medicine.

„Постојат сè повеќе докази дека аспиринот исклучиво за превенција можеби не е толку корисен како што мислевме и може да биде поштетен отколку што мислевме“, рече Параг Гојал, кардиолог од Њујорк кој не беше вклучен во новото истражување.
Сепак, тој нагласи дека новите сознанија се однесуваат само на луѓето што немаат срцеви заболувања.

„Ако некој имал срцев удар во минатото, аспиринот е навистина важно да се продолжи“, рече тој.
Земањето аспирин од превентивни причини е сè попопуларно меѓу луѓето што не доживеале срцев или мозочен удар. Меѓутоа, поретката крв може да значи и дека сте изложени на ризик од чиреви и крварење во гастроинтестиналниот тракт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.