Две златни медали освоија млади неготинки на интернационален куп во кикбокс што се одржа вчера во Босна и Херцеговина, информираа денеска од КБК „Гладијатор” од Неготино.
– Во Тешањ, Босна и Херцеговина, се одржа реномираниот интернационален куп во кикбокс WAKO Balkan Open 2023, каде учество земаа и нашите девојки од КБК „Гладијатор” Неготино, Јадранка Темелкова и Марија Јанева, кои се вратија со два златни медали. Јадранка како помлад јуниор во КЛ -55 килограми дисциплина, во полуфиналето ја совлада Хрватката со 3-0 и се пласира во финале, каде извојува победа пак со 3-0 и се закити со злато. Марија како сениор во КЛ-60 килограми, во финале ја совлада Босанската натрпреварувачка и со 3-0 се закити со злато, појаснија од Клубот.
- Путин одржа говор на најретката парада досега: „Советската армија го спаси светот, победата секогаш ќе биде наша“
- Турција ја претстави својата прва интерконтинентална балистичка ракета „Јилдиримхан“
- Европа стравува од недостиг на керозин, Николоски тврди имаме доволно резерви
- Доаѓа пеколното лето: 3 знаци нема да знаат што ги снашло
- 11 години од „Диво насеље“
- Дали постојано кивате и имате затнат нос? Еве како природно да ги победите алергиите
- Фицо грмеше од Москва! Брисел се тресе од пораката на словачкиот премиер
- Мојсоска: Како секоја власт системски го стимулира насилството врз жените
- СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа
Оттаму информираа дека на овој куп учествувале 85 натпреварувачи од нашата држава, предводени од претседателот на Македонската кикбокс Маи Таи федерација, Дејан Митревски- Урко. Биле освоени 67 медали, 19 златни, 25 сребрени и 23 бронзени.
Пронајдете не на следниве мрежи:



