Природното вапсување јајца е сè попопуларно затоа што тој начин е добар за да избегнете да купувате бои за кои никогаш не сте сигурни колку долго стоеле во магацините и какви супстанции содржат.
Покрај тоа што вапсувањето јајца за Велигден на природен начин е побезбедно, на овој начин може да се постигне многу убава и интензивна боја, а една од омилените е виолетова.
Виолетова боја – симболика
Во древните времиња, виолетовата боја била симбол на кралствата и авторитетот затоа што во антиката облеката со таа боја била многу ценета и тешко можела да се набави. Со самото тоа била скапа, па ја носеле само кралевите или исклучително богатите луѓе, поради тоа виолетовата боја станала симбол за моќ.
Виолетовата се појавува и во Стариот завет каде се наведува дека скинијата во која се наоѓал Заветниот ковчег била направена од „фино преден лен, со сино, пурпурно предиво“. Кога кралот Соломон го изградил Светиот храм во Ерусалим, направил завеса од ткаенина од наведените бои.
Инаку, таа била користена и за да се исмее Исус Христос кој го нарекле крал на Евреите. Додека римските војници го исмејувале, го облекле во пурпурен фустан и на главата му ставиле венец од трње, па му викале: „Здраво кралу еврејски“, запишано е таму.
Поради тоа, црквите ја користат виолетовата боја за да ја истакнат жртвата на Исус пред воскреснувањето.
Во денешно време, виолетовата боја симболизира изобилство, амбициозност, племенитост и моќ како и екстраваганција, достоинство, мудрост, независност, креативност, мистерија…
Како да вапсате јајца во виолетова боја на природен начин?
За да ја постигнете оваа прекрасна нијанса на боја може да ги употребите следните работи:
- цветови од љубичица (за потемна нијанса);
- црно вино;
- чај од хибискус;
- сок од боровница.
Помешајте ја одредената количина од овие намирници со алкохолен оцет, добро помешајте па додадете вода и ставете ги варените јајца. Оставете да отстојат додека не ја примат интензивната боја.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.