Често се случува родителите да се збунети од плачот на нивното бебе, иако се сигурни дека ништо не му недостасува. Дали бебето се обидува да манипулира на овој начин?
Иако пелената му е променета, бебето е нахрането, сепак не спие и неутешно плаче. Лицето е во грч, очите се затворени, почнува да црвенее и да вика на целиот глас. Дали малечкото на тој начин манипулира со родителите, бидејќи плаче без солзи? Одговорот е не. На новороденчињата не им солзат очите кога плачат бидејќи солзните канали сè уште се развиваат по раѓањето.
Педијатарката Тања Ремер Алтман објаснува дека е сосем нормално бебињата да не плачат со солзи во првите неколку месеци по раѓањето. Кај повеќето од нив ќе се појават од прилика по две недели, но можно е развојот на солзниот канал да трае и до вториот месец.
Во првите недели од животот бебињата не произведуваат солзи, а докторите не знаат зошто бебињата не се раѓаат со таа функција.
-Може да дојде до затнување на солзниот канал па тогаш е потребно нежно масирање и истискување на насобраната течност, а понекогаш дури и примена на лек за да се реши проблемот. Првиот симптом е гурелки на очињата, а состојбата може да стане полоша ако бебето е настинато или во текот на постудено време, кога производството на солзи се зголемува.
Очите на бебето можат да бидат лепливи или розови кога ќе се разбуди. Тоа може да биде знак на затнат солзен канал, но и на конјунктивитис, затоа е потребно да побарате лекарска помош.
Функцијата на солзите кај луѓето е да го штитат окото од сушење, инфекции и прашина.