Ново истражување покажа дека ако на децата им купувате премногу играчки нема да бидат среќни и задоволни.
Истражувачите тврдат дека колку повеќе играчки има детето, толку помалку ќе се игра. Играчките повеќе му пречат што доведува до губиток на концентрација потребна за учење за нови работи.
Со ова се согласува и Мајкл Малон, професор на Универзитетот во Синсинати. Неговото истражување покажа дека доколку децата имаат помалку играчки ќе ги споделуваат со другите и ќе бидат многу посреќни.
Во истражувањето учествуваа деца на возраст од 3 до 5 години и е утврдено дека успехот на децата во училиште зависи од домашното воспитување, дали родителите си играат со децата и од електронските уреди кои им ги подаруваат.
Оние деца коишто имаат помалку играчки и не користат таблети и мобилни телефони додека се мали постигнуваат многу повеќе успех на училиште и се емоционално поразвиени.
Порака до родителите е да поминуваат што повеќе време со своите деца и да се играат заедно со нив.