Зошто е важно да јадете зелен лиснат зеленчук во текот на летото?

Лете ни е жешко и бараме начин да се разладиме и прилагодиме на времето.
Освежување можеме да најдеме и во храната, која ни помага да го прилагодиме телото на високите температури.

Зелениот лиснат зеленчук е одличен извор на хранливи материи, како што се калциум, магнезиум, калиум, витамини Ц и К, влакна и железо. Затоа се препорачува да се јаде со секој оброк.

Ако немате идеја каков зелен лиснат зеленчук да изберете, продолжете да читате.
Спанаќ: Богат е со калиум и железо, а содржи и витамин Ц.
Ајсберг салата: се издвојува по високата содржина на вода и е многу освежително и здраво јадење.
Блитва: Овој зеленчук е нискокалоричен и богат со вода, влакна, витамини и минерали.
Рукола: Една од главните салати за подготовка во летните месеци содржи антиоксиданси, магнезиум и калциум.
Кељ: Овој зеленчук има високо ниво на витамини А, Ц и К, а богат е и со железо, фосфор и калциум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.