Потребни состојки:
3 излупени киви
½ лимон исечен на парчиња
1 лажица мед
1 кесичка зелен чај
500 ml вода
Подготовка:
Направете зелен чај, додадете парчиња лимон и оставете да отстои 5 минути. Во меѓувреме направете сок од киви со помош на соковник. Додадете мед. Во топол (не жежок) зелен чај истурете го сокот од киви со мед и послужете се.
Хранливите и витамински својства на кивито се одамна познати, а зелениот чај е многу силен антиоксиданс, па јасно ви е колку е моќна оваа комбинација и колку е добра за организмот.
Освен што е исклучително вкусна и освежителна комбинација, овој чај е вистинска ризница на витамини, кои ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот на природен начин.