Зошто кафето нѐ тера да одиме во тоалет?

Овој магичен црн пијалак им годи на непцата, во умерени количини е одличен за здравјето, нѐ расонува и – нѐ тера да одиме во тоалет. Познато е дека кафето е благ диуретик (предизвикува зголемена екскреција на урина), но делува и како лаксатив, односно ја забрзува столицата. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто кафето протерува?
Лаксативните својства на кафето се благодарение на кофеинот кој ги стимулира мускулните контракции во дебелото црево, а овие контракции се слични на оние што се јавуваат во цревата после оброк. Чаша кафе може да содржи помеѓу 80 и 175 милиграми кофеин, додека истата количина Coca-Cola содржи само 34 милиграми од овој стимуланс, што објаснува зошто газираниот пијалок нема исти лаксативни својства како кафето.
Покрај самите зрна кафе, и засладувачите, како и млечните и немлечните додатоци за кафе може да го стимулираат варењето на храната. Вештачките засладувачи во кафето, исто така, можат да предизвикаат надуеност, гасови и дијареа. Млечните додатоци како млеко, павлака и шлаг содржат лактоза, шеќер кој исто така може да предизвика дијареа и други гастроинтестинални проблеми кај луѓе нетолерантни на лактоза, но и кај луѓе кои инаку не се чувствителни на млечен шеќер. Ова се случува затоа што способноста за варење на лактоза се намалува со возраста.
Затоа, поради правилно и здраво варење, не се препорачува да се консумираат повеќе од две шолји кафе на ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.