Зошто не треба да се претерува со јадење овошје?

Факт е дека јадењето овошје има бројни придобивки, вклучувајќи го и намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни болести. Сепак, треба да внимавате да не претерате.

„Јадењето премногу овошје може да предизвика да јадете помалку друга храна која содржи здрави масти и протеини. Недостатокот на хранливи материи може да биде многу штетен и така настанува проблемот“, изјави нутриционистката Бони Њулин за списанието Eat This, Not That.

Овошјето содржи јаглехидрати, па рамнотежата е клучна. Треба да ја земете предвид големината на порцијата и да го комбинирате овошјето со храна која е извор на протеини, влакна или здрави масти.
„Луѓето кои имаат проблеми со дебелото црево треба да разговараат со својот лекар за да одредат каков вид на овошје можат најдобро да толерираат и дали треба да има некакви ограничувања за консумирање овошје“, додаде таа.

Некои веруваат дека цедењето сокови е подобро отколку да јадете цело овошје и зеленчук бидејќи вашето тело може подобро да ги апсорбира хранливите материи, а на вашиот дигестивен систем му дава пауза од варењето на влакна.
Тие велат дека цедењето сокови може да го намали ризикот од рак, да го зајакне имунолошкиот систем, да ги отстрани токсините од телото, да го помогне варењето и да ви помогне да изгубите тежина. Сепак, не постои научен доказ дека цедените сокови се поздрави од сокот што го добивате кога јадете само овошје или зеленчук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.